
Локација DoubleTree by Hilton Skopje oд 13ч-16ч
Дали ова ти звучи познато?
Имаш чувство дека животот ти поминува толку брзо како да си во некој филм. Во таа брзина си го изгубила чувството за себе заедно со своите желби и соништа. Како резултат се случила една празнина која се трудиш да ја пополниш со тоа што си зафатена да бидеш најдобра мајка, сопруга, ќерка, вработена...но безуспешно.


Кога би ја знаела само формулата...
Да постои формула за среќен и исполнат живот, апсолутно ДА!
И целта на оваа работилница е да си одиш наоружана со таа формула која уште веднаш ќе ја примениш.
Ќе научиш да се играш во животот, да се запознаеш и повторно заљубиш во тоа што си и си станала.
Ќе научиш да ги пречекаш предизвиците спремна и автентична.
А најважно, ќе научиш повторно да сакаш и да дозволиш да бидеш сакана и поддржана од животот.
Во оваа 3 часовна работилница ќе се споиш со внатрешното дете и ќе научиш да веруваш во себе и свите соништа
Како ќе го направиме тоа?
-
Со РТТ хипноза
-
Насочување на енергијата во посакуван правец
-
Многу пишување
-
Едукација
-
Медитација
Што ако немам претходно искуство?
Не грижи се, затоа сум јас тука да те водам и овие 3 часа да ги направам вистинско уживање за тебе.

Зошто е оваа работилница посебна?
На овој ден јас и ти одлучуваме да ја оставиме цела тежина која ја носиме сите овие години зад нас и со свесна одлука радикално да одлучиме да бидеме СВОИ, АВТЕНТИЧНИ И СРЕЌНИ.
Исто така оваа работилница е уникатна затоа што за прв пат на овие простори во живо ќе ја доживееме РТТ хипнозата како една од најмоќните алатки за ослободување од негативните уверувања и мисли.
Кога ќе излезеш од оваа работилница, неизбежно ќе биде тоа чувство на сигурност и храброст како да се враќаш назад во тоа која навистина си, СВОЈА!
Дали си спремна да се навикнеш на среќа и уживаш во своја кожа?
Дали си спремна да наздравиш за сите твои успеси и тешки денови, и научиш да бидиш нежна со себе како со сопственото дете?
Среќата е одлука, и сега ти ја бираш оваа одлука за себе!
Оваа работилница ќе ти биде дозвола да си кажеш себе ДА!


За мене...
Здраво, јас сум Кристина.
Јас сум РТТ терапевт и коуч и во последниве 5 години со помош на револуционерната РТТ хипноза имам помогнато над 100тина жени да го унапредат квалитетот на своите животи.
Посебно сум среќна на мојата заедница која свесно расте и со која редовно комуницираме преку Instagram, Facebook, Youtube, Podcast (The soul atelier) како и од ново на WhatsApp (Свесно дружење).
Автор сум на многубројни успешни онлајн курсеви, програми, работилници како што се Најдобрата верзија од тебе, Врати ја својата моќ, Инстант среќа, PositiveBirth H2, Journal with Kristina (4 изданија) и многу други.
