Политика на приватност
Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Контролорот ги собира, користи и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци при посета на веб-сајтот www.kristinadeskoski.com и/или користење на услугата за веб продажба. Со пристапот на веб-сајтот се согласувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.
Категории на лични податоци кои ги обработуваме
При посетата на веб-сајтот се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при користење на услугата за on-line купување (нарачување на услуга и плаќање на истата). При потврдување на Вашата нарачка давате согласност за обработка на Вашите лични податоци за целите за кои ги доставувате.
При користење на услугата on-line купување, ги обработуваме следните Ваши лични податоци:
име и презиме
телефонски број
е-пошта
адреса
Дополнително, нашиот веб-сајт користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата кои се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“.
Начин на собирање на личните податоци
Податоците при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).
Цели за кои се собираат и обработуваат Вашите податоци
Вашите лични податоци се користат исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:
• овозможување на on-line користење на нашите услуги;
• администрирање на содржината, промоции и други функционалности на сајтот со цел да го подобриме квалитетот и услугите што ги нудиме;
• за реализација на on-line нарачките достапни на веб-сајтот www.kristinadeskoski.com (наплата на цената за продадените услуги)
Начин на обработка на Вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на Контролорот којшто има пристап до истите и кој е авторизиран и овластен да извршува анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци ја вршиме согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнително, применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои имаме законска обврска да ги чуваме во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Личните податоци при користење на услугата on-line купување, имаме законска обврски да ги чуваме сите документи и записи со Вашите лични податоци а кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, во рок од 2 (две) години или подолг законски рок (доколку е пропишан со закон) кој е задолжителен за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет согласно Законот за архивско работење.
Политика за користење колачиња (cookies)
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.
На овој веб-сајт користиме колачиња (cookies) од следниве причини:
-
За техничко функционирање на веб страницата;
-
За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
-
За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
-
За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на овој веб-сајт.
Кога го посетувате нашиот веб-сајт, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.
Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб-сајтот, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на овој веб-сајт можеби нема да работат правилно.
Политика за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите услуги или за поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите услуги и на претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.
Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки.
Исто така, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:
Е-маил адреса: contact@kristinadeskoski.com
Вашите права како субјекти на лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
-
да се информирате околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
-
да побарате од нас да ги дополниме, измениме и/или ажурираме ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, така што ние треба да постапиме по истото во рок од 15 дена и да извршиме исправка на личните податоци;
-
да побарате од нас да ја ограничиме обработката на личните податоци со соодветно означување кои лични податоци ќе се чуваат;
-
да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци, така што ние имаме обврска да ги избришеме личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
-
да поднесете барање со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;
-
да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци и
-
да се одјавите/откажете од обработка и користење на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.
За остварување на овие права, може да не контактирате на:
Е-маил адреса: contact@kristinadeskoski.com
Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци, имате право да се обратите и до:
Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје
Давање податоци на користење на трети лица
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
Промена на политиката на приватност од Контролорот
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашиот веб-сајт, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
Датум на објава на Политика на приватност
12.03.2023 година