
Сега не е време да сонуваш големи соништа, сега е време да ги живееш!
Здраво јас сум Кристина, првиот РТТ ( Рапидна Трансформациска Терапија) терапевт во Македонија, основач сум на брендот The Soul Atelier, претприемач, мајка на две прекрасни девојчина и жена која го живее својот сон!
Ова патување започна неофицијално многу години наназад, уште кога бев детенце кое љубопитно и неуморно читаше книги на тема психологија, духовност, во потрага на одговорот “зошто сме тука и дали навистина нашиот ум е толку моќен?“
Дојдов до многу одговори и алтки како можеме да имаме среќен и исполнет живот, кои и сама ги живеам. Пред околу 10 години почнав да ја користам медитацијата во својата дневна рутина, и тука започна озбилно мојот личен развој.
Тој пат ме доведе денес да сум горда на себе што ми е дадена можност да ја користам една од најмоќните алатки која им помага на жените да се ослободат од своите трауми и научат да веруваат во себе, а тоа е РТТ хипнозата.
Од многубројните методи и правци, јас се одлучив првенствено за оваа методологија, покрај другото, не само затоа што бројни студии се направени како таа фантастично функционира при соочување со предизвици и одстранување на лоши навики, уверувања и дефиниции, туку и мене лично ми го промена животот од корен.
Промената не се случува сама, ние ја креираме!
Мојот пат не беше секогаш “песна“. Не секогаш толку јасно ја гледав својата визија и страст. Имаше период каде што се пронаоѓав себе си, експериментирав со помали и поголеми испади и разочарувања.
Во тоа искуство беа и моите успешно апсолвирани студии во смер за Пари и Финансии, кои не се моја страст. Преселбата во две европски земји. Периоди на осаменост и збунетост ( на кои денес им сум благодарна :) ). Премин од вработена во корпорација до сопственик на бизнис во странска земја.
Но сите овие промени беа поттикнати од една внатрешна желба, а тоа е да го разгорам жарчето кое тлееше долго време во мене и да ја живеам својата животна страст со која ќе му служам на светот.
Па затоа не застанав тука, туку продлжив да го слушам што е тоа што ми го кажува срцето, и така дојдов и до оваа визија. Апсолвирав на академијата на Мариса Пиар и станав РТТ терапевт, НЛП тренер и Миndset ментор.


Let the magic happen!
Денес над стотици клиенти го уживаат тоа искуство да за многу кратко време почнат повторно да веруваат во себе и да си ја вратат самодовербата.
Многу од нив научија себе да се ставаат на прво место, да кажуваат “НЕ“ без грижа на совест, се ослободија од анксиозност и храбро почнаа да превземаат акции кои им служат.
Но што е едно заедничко за сите нив е дека се заљубиле страствено во себе и во својот живот. Го живеат својот полн потенцијал, веруваат во себе и се соочуваат самоуверно со предизвици.
Мојата страст и мисија постојано кулминира и се модифицира, но едно знам, дека мојата намера да го направам светот подобро место е веќе во реализација. ;)
