ЗА КОГО Е ОВОЈ ВИД НА ТЕРАПИЈА?
-
За тебе-Која си се изгубила по пат, трудејќи се да ги исполниш туѓите очекувања
-
За тебе-Која ти е тешко да поставиш јасни граници и кажеш “НЕ“ без да се чувствуваш виновна
-
За тебе-Која живееш во анксиозност и страв
-
За тебе-Која не веруваш во себе и се плашиш од мислењето на другите
-
За тебе-Која одново и одново правиш акции кои не ти служат и се против тебе
-
За тебе-Која се ставаш на последно место
-
За тебе-Која се чувстуваш осамено зошто никој не те разбира
-
За тебе-Која не си се допаѓаш себе си и си премногу само-критична
-
За тебе-Која не си се соочила доволно со твоите мали или големи трауми кои денес те саботираат

Зошто ХИПНОЗАТА како
техника е толку моќна?
Затоа што на неверојатно брз начин доаѓа до коренот на
проблемот и се ослободува од истиот.
Таа има моќ да те воведе во потсвесниот ум, каде што сама немаш пристап.
Твојата промена низ три фази!
1
Пронаоѓање на коренот на твојот проблем на потсвесно ниво и ослободување од твоите мали или големи минати трауми!
2
Градење самодоверба и самосвесност на практичен начин како и откривање на твоите потенцијали!
3
Создавање конкретни остварливи цели поддржани со соодвтни стратегии и акции.
Уште денес можеш да чувстуваш олеснување, мир и возбуда за тоа што те чека. Затоа што уште денес можеш да го оставиш товарот што го носиш со години и започнеш да се радуваш како кога беше дете.
Не мора да поминуваш саати и саати на психотерапија за да го решиш својот проблем, тоа може да се случи веднаш, затоа што работиме на длабоко, потсвесно ниво.
Ти знаеш дека можеш да бидеш пример за тоа што значи животот да има смисла и да се ужива во него.
Што вклучува оваа програма?
-
2 x 90минутни трансформативни РТТ хипнотички сесији - каде ќе дојдеме до коренот на твојот проблем и негова трансформација
-
Персонализирани хипнотички аудио снимки што ќе ги промени твоите длабоки уверувања и го реконструира твојот ум
-
2x60 минутни coaching сесии каде користиме техники соодветно проблемот и развитокот на ситуацијата
-
практични вежби за освестување и редефинирање на новите уверувања кои ќе ви служат
-
40 дена поддршка преку е-маил или Whatsapp
Дозволи си повторно се заљубиш во себе!
Најчести прашања
Како изгледаат сесиите со хипноза?
Во оваа програма има две сесии во кои вклучуваме хипноза. Самата сесија се одвива така што ти објаснувам како хипнозата ќе помогне во твојот случај. Во целиот процес имаш затворени очи и состојбата е многу слична на медитација. Ги слушаш моите зборови и инструкции и одговараш на моите прашања.
Што е РТТ Хипнозата?
РТТ Хипнозата или рапидната трансформацијска терапија е хипноза која се користи за тераписки цели, со што го доведува клиентот во доволно опуштена но сепак свесна состојба со цел да го користи повеќе емотивниот дел на мозокот наместо логичкиот.
Дали е опасна хипнозата и што ако не се разбудам?
Со овој вид на хипноза не спиеш туку си само опуштена и имаш целосна контрола на твоето тело, можиш во секое време да ги отвориш очите и да ја прекинеш. Често учесничките после сесијата велат дека се одмориле како да спиеле цела ноќ.
Колку често имаме сесии?
Имаш 4 сесии :2 хипнотички и 2 коучинг кои наизменично се случуваат со растојание од 10 дена.
Што правам во периодот кога немаме сесии?
Секојдневно ја слушаш персонализираната хипнотичка аудио снимка (15мин) и имаш сет од вежби кои ти одземаат еден час од тие 10 дена. Имаш и моја поддршка преку емаил или говорна порака доколку имаш потреба од консултација или совет за ситуација која се случила во меѓувреме.
За колку време ќе имам резултати?
Резултатите зависат од многу фактори, меѓу кои твојата посветеност, доследност и спремност за промена. Промена ќе почувстуваш уште во првата сесија. Во ова долгогодишно искуство во рок од 6 недели сите учеснички почнуваат да се чувстуваат самоуверени и сигурни во себе.
Што ако се вратам на моменти од минатото и се плашам од тие емоции?
Целта на терапијата е да те врати на тие болни моменти што имаат тесна поврзаност со темата на која работиме, како би се ослободиле од емоцијата и истата повеќе нема да ти создава тешкотии. Враќањето назад знае да биде емотивно но исто така со моја помош и водство ќе се ослободиш од него засекогаш и ќе го надраснеш.
Дали сесиите се одржуваат online и дали успева хипнозата преку екран?
Сите сесии се online прек zoom. Овој вид на хипноза има исти ефект во живо или online.