top of page

МОЈАТА НАЈДОБРА ВЕРЗИЈА

РАБОТИЛНИЦА ВО ЖИВО

Охрид, хотел Unique, 26 јули 2025 | 3-часовно трансформациско искуство

Време е да станеш тоа што длабоко во себе знаеш дека си.

 

Ова не е една „мотивациска средба“.
Ова е психолошки и емотивно длабоко искуство, дизајнирано да те врати кон себе, твојата вера, сила и мир.

Дали ова ти звучи познато?

  • Се чувствуваш како да постои „повеќе“ во тебе што чека да се ослободи

  • Сакаш да се тргнеш од стари шаблони, но не знаеш како

  • Често велиш „да“ на другите, а „не“ на себе

  • Сакаш да преземеш водство над сопствениот ум, емоции и живот

  • Сакаш резултати, не само инспирација

  • Често се прашуваш „како да бидам посигурен/на во себе?“

  • Сакаш алатки за менаџирање на анксиозност и внатрешен немир

najdobrata verzija od mene
DSC01800.jpg

Што ќе добиеш од ова искуство?

🧠 Запознавање со способноста на сопствениот ум
– Разбирање на внатрешните механизми што те водат (или те кочат)

🔍 Подигнување на самосвеста и самодовербата
– Ќе почнеш да се гледаш со нови очи: само-прифаќање, без осуда, со почит

🧹 Отстранување на негативни уверувања
– Замена на внатрешни саботажи со поддржувачки уверувања

🛑 Поставување здрави граници со себе и со другите
– Без вина. Со јасност. Со самопочит.

💬 Подобрен внатрешен дијалог
– Помалку самокритика, повеќе грижа и охрабрување

🌬 Намалување на анксиозноста
– Преку техники за внатрешно смирување и присутност

🌱 Поголема вера во себе и во животот
– Повторно поврзување со смислата, надежта и внатрешниот мир

Подготвен/а ли си да ја сретнеш својата најдобра верзија?

Темите кои ќе ги обработиме на оваа работилница:

🔹Водена вежба за контакт со внатрешниот свет
– Ќе започнеме со тивко центрирање и ќе влеземе во контакт со мислите и емоциите што несвесно те управуваат.

🔹 Групна хипнотерапевтска сесија 
– Преку лесна и безбедна хипноза, ќе се поврзеш со потсвеста и ќе засадиш нови уверувања што ќе ти служат.

🔹 Практична психолошка техника за разбивање на негативен внатрешен дијалог
– Ќе научиш метод кој можеш веднаш да го примениш кога ќе те нападне сомнеж или самокритика.

🔹 Интерактивна работа со уверувања
– Ќе ги идентификуваме твоите најограничувачки мисловни шаблони и ќе ги трансформираме со нова, поддржувачка перспектива.

🔹 Вежба за поставување лични граници
– Преку ролеви и пишување, ќе се ослободиш од вина и ќе научиш да кажеш НЕ – со почит и за себе, и за другите.

🔹 Креативна визуализација на „твојата најдобра верзија“
– Ќе ја „види“ таа верзија на себе, ќе ја почувствуваш, и ќе креираш јасна ментална слика што ќе те води и после работилницата.

 🔹Споделување и поддршка во мала, доверлива група
– Без осуда, со емпатија. Можност за поврзување со други кои се на сличен пат.

DSC01792.jpg

Како ќе го направиме тоа?

  • Со РТТ хипноза

  • Насочување на енергијата во посакуван правец

  • Многу пишување

  • Едукација

  • Медитација

Што ако немам претходно искуство?

Не грижи се, затоа сум јас тука да те водам и овие 3 часа да ги направам вистинско уживање за тебе.

DSC02031.jpg

Учесниците од претходната работилница велат:

480127825_554409267626732_2940766799686151539_n.jpg
479961007_987581139979101_8304939896206589208_n.jpg
479475030_1695039768095721_2400421714519855766_n.jpg
478869838_972892748124605_945299978623354732_n.jpg
479399170_1315218619761985_1775459192599666764_n.jpg
479358619_1861588731340789_4667238211056413820_n.jpg
477777262_1132465164850262_1433518684958957953_n.jpg
477724352_975972334069794_6337991899252609078_n.jpg
477699102_1419148695717378_2366132312432295413_n.jpg
477015477_1287458309182059_5610358970038661078_n.jpg
477571700_3136217676554700_6497701768925876435_n.jpg
476988808_1062809615869292_873254081179051162_n.jpg
477012184_1363106774838824_3566433690568310275_n.jpg
476921014_645078494721288_318968197324137172_n.jpg
474735617_1146335803872758_8592900903657605276_n.jpg

Зошто е оваа работилница посебна?

  • Оваа работилница не е само уште еден настан. Тоа е време – искрено, лично и тивко – каде ќе можеш да се вратиш кај себе. Ќе бидеш дел од просторот каде не мораш да глумиш дека си „во ред“, каде можеш да здивнеш и да погледнеш внатре. Заедно ќе го направиме тој чекор – не со притисок, туку со почит и разбирање. Верувам дека секој од нас заслужува момент на вистинска блискост со себе.

  • Она што ја прави оваа работилница посебна е начинот на кој ќе пристапиме – нежно, но длабоко. Без површна мотивација и совети што ги забораваш после еден ден. Ќе се фокусираме на суштината – на она што те кочи, на мислите што ти ја одземаат силата, на гласот внатре што можеби долго време не те поддржува. Ќе создадеме простор за нова јасност, за нова вистина за себе – посилна, поспокојна, пореална.

  • И кога ќе си заминеш од таму, нема да носиш само бележки – туку чувство. Чувство дека конечно си се слушнал/а себеси, дека повторно си поврзан/а со тоа што е важно. Ќе заминеш со повеќе мир, со подлабока доверба во себе и со тивка, но сигурна сила да го направиш следниот чекор. Тоа за мене е суштината на „најдобрата верзија“ – и затоа ова искуство е навистина посебно.

Ако во себе знаеш дека е време за промена – ова е твојот повик!


Не чекај совршен момент. Ти си доволен/на, токму сега, токму таков/а каков/а што си.


Дај ѝ шанса на верзијата од себе што одамна чека да биде чуена.

DSC02087_edited.jpg
DSC01365_edited_edited_edited.jpg

За мене...

Здраво, јас сум Кристина.

Јас сум РТТ терапевт и коуч и во последниве 5 години со помош на револуционерната РТТ хипноза имам помогнато над 100тина жени да го унапредат квалитетот на своите животи.

 

Посебно сум среќна на мојата заедница која свесно расте и со која редовно комуницираме преку Instagram, Facebook, Youtube, Podcast (The soul atelier) како и од ново на WhatsApp (Свесно дружење).

Автор сум на многубројни успешни онлајн курсеви, програми, работилници како што се Најдобрата верзија од тебе, Врати ја својата моќ, Инстант среќа, PositiveBirth H2, Journal with Kristina (4 изданија) и многу други.

Kristina

bottom of page