
Ако ова ти звучи познато...
Се будиш со тежина во градите... Мислите не престануваат...Срцето ти чука без причина.
Се обидуваш да се смириш…но како да не знаеш како. Што повеќе се трудиш, станува полошо.
Кога си меѓу луѓе и треба нешто да кажеш, рацете ти се потат и се исклучуваш!
Во ситуации каде немаш контрола, незнаеш како понатаму од толку многу страв.
Луѓето ти велат:„Смири се“, „Не мисли толку“, „Ќе помине.“
Но ти знаеш дека не е толку едноставно, и тоа ти дава уште повеќе чувсто дека со тебе нешто не е во ред!
Вистината што ретко кој ја кажува:
Анксиозноста НЕ е проблемот. Таа е последица и сигнал!
Сигнал дека:
нешто во тебе е потиснато
долго време не си го слушала внатрешниот глас
твоето тело вика: „Забележи ме.“
си складирала голема количина на стрес
потребно е да се ослободиш од таа необработена енергија
треба да го доведеш телото и умот во баланс
Ова не е уште едно предавање.
Ова е искуство, каде практично ќе се соочиш со анксиозноста под мој надзор и ќе си докажеш дека ти можеш да ја владееш и намалуваш!

HOT SEAT – Работа со твојот случај
најмоќниот дел
Неколку учесници ќе имаат можност да се вклучат и:
-
да го споделат својот случај
-
заедно да одиме низ намалување на анксиозноста
-
да направиме вистинска трансформација во моментот
Доколку не сакаш да бидиш на тоа “жешко столче“ и за тебе ќе има уникатни и применливи алатки.
Јас сум Кристина...

изминативе 6 години се среќавам со над 800тина клиенти кои постојано ги повторувале истите образци на однесување и се соочувале со истите предизвици само од една причина, повторување на истите мисли и умствени навики одново и одново.
Но постои една алатка која мене лично драстично ми го промена животот а тоа е Хипнозата, која ни дава инстант решение на многу проблеми. Како? Па кога ќе се промениме од внатре, реланоста нема што да прави освен да не следи.
Денес сум сигурна дека клучот лежи во нас самите и моќта на нашиот ум е енормна и е жалосно да не ја искористиме.
Ова е за тебе ако:
често чувствуваш внатрешна напнатост
претерано анализираш
имаш панични моменти или страв
се чувствуваш „заглавено“
сакаш вистинска промена, не само читање и слушање
Ова НЕ е за тебе ако:
бараш брзо решение без да се вклучиш
не си подготвен/а да се соочиш со себе
сакаш само „позитивно размислување“
не си сама свој приоритет
не работиш во групи
Бонуси:
-
водена аудио вежба за смирување
-
PDF „Прва помош при анксиозност“
-
снимка од сесијата